Џало од Брага во Атлетик Билбао

Џало од Брага во Атлетик Билбао

пред 9 месеци

Крилниот напаѓач на Брага, Алваро Џало (24) во летниот преоден рок ќе се пресели во Атлетик Билбао. Трансферот е тежок 20 милиони евра, 15 милиони евра е фиксниот дел, а останатите пет Брага може да ги заработи од потенцијалните бонуси.

Многу „прашина“ крена овој трансфер во Баскија. Позната е политиката на Атлетик, дека дресот на клубот можат да го носат само фудбалери родени во Баскија.

Родителите на Џало се од Гвинеја-Бисао, тој е роден во Мадрид, но 10 години живеел во Баскија.

Во Баскија играше за малиот клуб Бегоњ, од каде во 2017 година се пресели во Брага, каде што го заврши своето образование и ја започна својата професионална кариера.

Игра како лево крило, а по потреба и класичен напаѓач е многу брз и има добра техника. Благодарение на тоа, оваа сезона постигна 14 гола: осум во португалскиот шампионат, пет во Лигата на шампионите (вклучувајќи три во квалификациите) и еден во Лига Европа.

Шпанците тврдат дека трансферот на Џало значи дека Нико Вилијамс ќе го напушти клубот. За помладиот брат Вилијамс интерес покажаа неколку екипи од Премиер лигата, кои веднаш би ја платиле откупната клаузула од 70 милиони евра.

Share
Scroll to Top