АБА лигата воведе ново правило

АБА лигата воведе ново правило

пред 8 месеци

Во новата сезона од АБА лигата тренерите ќе имаат по два челинџи по натпревар, но во текот на еден натпревар ќе можат повеќе пати да проверат спорна судиска одлука. Доколку челенџот биде успешен, тренерот нема да го изгуби тој обид, туку ќе се одземат само неуспешните.

АБА лигата наведува дека се одлучила на овој потег со цел да го промовира понатамошниот развој и напредок на своите натпреварувања.

Во сезоната 2022/23, тренерите имаа право на по еден челенџ по натпревар. Од почетокот на новата сезона секој тим ќе има по два. Ваква промена направи и Евролигата.

Од АБА лигата потенцираа дека секој тренер ќе може да оствари право на само еден чечелнџ во последните две минути од натпреварот, без разлика колку такви обиди му преостануваат.

Share
Scroll to Top