Австралискиот пливач Камерон Мекивој (31) постави светски рекорд на 50 метри слободен стил.
Брилијантниот Мекивој, најкратката делница ја мина со време 20,88 секунди и победи со речиси една должина на телото на Отвореното првенство на Кина во Шенжен.
Австралиецот го подобри за три стотинки резултатот со кој Бразилецот Сезар Сиело стана светски рекордер уште во 2009 година, кога сè уште беше дозволена употребата на полиуретански костими за капење, кои беа забранети по таа година.
Камерон е актуелен олимписки шампион и двократен светски шампион во оваа дисциплина. На натпреварот во Шенжен, тој ги остави зад себе Американецот Џек Алекси (21,57) и сонародникот Кајл Чалмерс (22,01).
Foto/ Depositphotos






