Австралија и Нов Зеланд го откажаа учеството на СП

Австралија и Нов Зеланд го откажаа учеството на СП

пред 3 години

Селекциите од Океанија, Австралија и Нов Зеланд, го откажаа учеството на Светското првенство во рагби. Националните сојузи одлуката ја донеле поради коронавирусот. Светското првенство ќе се одржи од 23.октомври до 27 ноември во Велика Британија.

Претседателот на рагби Сојузот на Нов Зеланд, Грег Питерс, истакнал дека различните епидемиолошки мерки кои владеат во неговата земја и во Велика Британија биле „драстично различни“. Поради тоа Нов Зелан нема да игра на Светското првенство.

Медиумите во Англија, одлуката на Нов Зеланд и Австралија да се откажат од СП ја нарекоа „кукавичка и себична“.

Претстојното СП ќе биде прво на кое ќе учествуваат 16 репрезентации, титулата освоена во 2019 година ќе ја брани Јужна Африка.

Share
Scroll to Top