Автограмот на Халанд ќе оди на аукција за благородна цел

Автограмот на Халанд ќе оди на аукција за благородна цел

пред 3 години

Манчестер сити, во вторникот, ја победија Борусија Дортмунд со 2:1, во првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите. Интересно, најголемо внимание од овој натпревар, привлече сцената која се случи по завршувањето на истиот.

Еден од помошниците на главниот судија Овиду Хатеган, Октавијан Совре, пред соблекувалните побарал автограм од ѕвездата на Борусија, Ерлинг Халанд.

Норвежанецот својот потпис го ставил на црвениот и жолтиот картон.

Многумина го осудија ова однесување на судијата, меѓутоа романските медиуми открија дека неговата цел била благородна.

Судијата Совре, долго време соработува со центар кој им помага на деца со аутизам. Совре автограмот на Халанд ќе го стави на аукција, а парите ќе ги донира во центарот.

 

Share
Scroll to Top