Серхио Агуеро ги демантираше шпекулациите дека и тој ќе побара итно заминување од Барселона по шокантното заминување на неговиот близок пријател и сонародник Лионел Меси, порачувајќи им дека сигурно е тука оваа сезона.
Агуеро дојде како слободен играч од Манчестер сити, каде што помина цела деценија, со желба да игра покрај Меси, но тој сон беше уништен по шокантното заминување на Меси, откако Барса е успеа да го одобри нивниот договор. Аргентинските медиуми тврдеа дека Агуеро се налутил и дека ги ангажирал своите претставници да бараат трансфер.
„Не се грижете, ќе ме имате цела година“, изјавил Агуеро за шпанските медиуми.
Тој исто така на социјалните мрежи прати порака до Меси.
„Најдобро каде и да одиш мој пријатели. Секогаш со таа насмевка. Те сакам“, напиша Агуеро.