Агуеро доби „двојна“ почесна стража на „Етихад“

Агуеро доби „двојна“ почесна стража на „Етихад“

пред 3 години

Серхио Агуеро доби „двојна“ почесна стража од неговите соиграчи од Манчестер сити, но и од фудбалерите на Евертон пред неговиот последен меч за „граѓаните“ по една славна деценија во клубот.

Во емотивна сцена на „Етихад“, 32-годишниот Аргентинец излезе на теренот пред 10.000 фанови на Сити, откако беше оставен на клупа (и најверојатно ќе влезе во второто полувреме) во својот последен меч во синиот дрес, пред најверојатниот трансфер во Барселона.

Share
Scroll to Top