Серхио Кун Агуеро, најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити, по завршувањето на сезоната, како слободен играч ќе го напушти клубот. Шпанците тврдат дека тој подготвува трансфер кој ќе претставува изненадување за целата фудбалска јавност.
Агуеро, од наредната сезона би можел да го облече дресот на Барселона. Според радиото Кадена СЕР, тој обавил разговори со тројцата кандидати за претседател на Барселона. На сите кандидати им кажал дека е заинтересиран да се пресели на „Ноу Камп“.
Евентуалниот трансфер на Агуеро претставува мамка за Лионел Меси да го продолжи договорот. Сите во фудбалот знаат дека Меси и Агуеро се најдобри пријатели, цимери се во репрезентацијата уште од 2005 година, кога Аргентина го освои младинското светско првенство. Исто така Меси е кум на синот на Агуеро, од бракот со ќерката на Диего Марадона.
Во целата работа интересно е што и ПСЖ, со Маурицио Покетино ги сака овие двајца фудбалери. ПСЖ не го кријат интересот за Меси, а Покетино сметал дека Агуеро би бил идеална замена за Килијан Мбапе, доколку тој реши да го напушти клубот.