Агуеро се жали: Не ми подаваат

Агуеро се жали: Не ми подаваат

пред 3 години

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити, Серхио Агуеро, се подготвува да го напушти клубот како слободен играч. Медиумите шпекулираат дека тој има договор со Барселона. Сезонава, поради честите повреди, Аргентинецот настапи на само 15 натпревари за Манчестер сити.

Серхио Агуеро, синоќа, во Лигата на шампионите, одигра 15 минути против Борусија Менхенгладбах.

Неговиот тим го потврди пласманот во четврт-финалето, но Агуеро не бил задоволен од она што се случувало на теренот.

По завршувањето на мечот тој нешто му кажал на менаџерот Пеп Гвардиола, а читачите од усни успеала да ги протолкуваат неговите зборови.

„Не сакаат да ми ја подадат топката“.

Агуеро не упати ниту еден удар кон голот на Борусија.

Share
Scroll to Top