Адријано за својот пад: За девет дена од Рајот заминав во Пеколот!

Адријано за својот пад: За девет дена од Рајот заминав во Пеколот!

пред 3 години

Легендарниот бразилски фудбалер Адријано, ја раскажа својата животна приказна за „Плејерс трибјун“, за тоа како смртта на неговиот татко целосно му ја уништи кариерата и го наведе на погрешен пат.

На 25 јуни 2004 година, тој постигна гол за Бразил да ја победи Аргентина во финалето на Копа Америка, а на 4 август неговиот татко почина од срцев напад.

„Знаете, мислам дека сум еден од несфатените фудбалери на оваа планета. Луѓето не знаат што навистина ми се случи и имаат грешки во приказната. За девет дена, од најсреќниот ден во мојот живот, дојде најлошиот ден во мојот живот. Од Рајот заминав во Пеколот. Не сакав да зборувам за тоа, но по тој ден, љубовта кон фудбалот веќе не беше иста. Тој го сакаше фудбалот, јас го сакав фудбалот. Толку едноставно, тоа беше мојата судбина. Кога играв фудбал играв за моето семејство. Кога давав голови, давав за нив. По смртта на мојот татко фудбалот веќе не беше ист. Јас бев на другата страна на океанот во Италија, далеку од семејството и не можев да се справам со тоа. Станав депресивен, почнав многу да пијам, не ми се тренираше. Не беше вина на Интер, само сакав да одам дома. Некои повреди не се физички“, објаснува Адријано.

Тој исто така вели дека Интер му дал се во животот и дека секогаш ќе остане негов тим.

„Го сакам Фламенго, Сао Пауло, Коринтијанс… Ги сакам местата каде што играв, но Интер секогаш ќе биде нешто посебно за мене. Италијанскиот печат, можеби не толку, но Интер? Најдобриот клуб, човеку! Момче од фавела како мене стана ‘Император на Италија’? Невозможно. И тоа не направив многу, а сите ме третираа какокрал. Кога дојде семејството од Рио да ме посети, не сфаќаа што се случува. 44 луѓе дојдоа од Бразил, и легендарниот претседател, господинот Морати изнајми автобус за нив. Затоа нема никогаш да кажам лош збор за Интер или за Морати. Секој клуб треба да се води така“, додава Адријано.

Share
Scroll to Top