Азар: Никогаш не живеев како професионален фудбалер

Азар: Никогаш не живеев како професионален фудбалер

пред 8 месеци

Белгискиот фудбалер Еден Азар одлучи да ја заврши кариерата на 32 години.

Тој во последните години многу се мачеше со повредите и од моментот кога пристигна во Реал Мадрид од Челзи не успеа да се покаже во своето вистинско светло.

Азар во интервју за 2Лекип“ изјави дека никогаш немал навики на професионален спортист.

„Никогаш не внимавав на тоа што исхраната, но не јадев бургер секој ден. Не можеш така да живееш 16 години. Јас сум хедонист, сакам да јадам и пијам со луѓе. Диетата обично е с..е и никогаш не успевала кај мене“, рече Азар.

Азар многу се мачеше со килограмите, што му направи вистински проблем во Мадрид, каде често отсуствуваше од терените.

„Никогаш не сакав да играм до 40-годишна возраст. Животот е краток, па би морал да се откажам од многу работи. Не сакав да се жртвувам. Секогаш имав алкохол и многу храна во куќата, што беше и не е фудбалски. Но јас сум таков и не се срамам од тоа“.

Share
Scroll to Top