Ако загуби од Наполи, Пирло добива „клоца“ од Јуве?

Ако загуби од Наполи, Пирло добива „клоца“ од Јуве?

пред 3 години

Повеќе италијански извори тврдат дека Јувентус ќе го отпуштат Андреа Пирло ако „бјанконерите“ загубат во среда од Наполи, во меч кој првично не се одигра откако гостите не допатуваа во Торино по позитивните случаи на КОВИД-19.

Јувентус првично го доби мечот службено со 3:0, но Италијанскиот олимписки комитет (ЦОНИ) одлучи мечот да се преигра.

Според „Ил кориере дела сера“, мечот  е одлучувачки за иднината на Пирло, и сигурно му се заканува отказ доколку го загуби мечот, посебно бидејќи Јувентус се на четвртото место со ист број на поени како Наполи.

И „Спорт медијасет“ се согласува со оваа оценка, тврдејќи дека во случај на пораз, Пирло ќе добие „клоца“, а неговиот помошник Игор Тудор ќе го замени до крајот на сезоната, по што ќе се одлучува за идниот стратег, иако фаворит е поранешниот тренер Масимилијано Алегри, кој се сретна со претседателот на Јувентус, Андреа Ањели минатиот викенд.

Share
Scroll to Top