Ако замине Ноер Баерн ќе го донесе Алисон

Ако замине Ноер Баерн ќе го донесе Алисон

пред 3 месеци

Фудбалскиот клуб Баерн е заинтересиран да го ангажира голманот на Ливерпул Алисон Бекер, пренесуваат германските медиуми.

Според медиумите, кои се повикуваат на добро упатени извори, Алисон на крајот на сезоната во клубот од Минхен би требало да го замени ветеранот Мануел Ноер.

Германските медиуми потсетуваат дека Ноер има договор со Баерн до 30 јуни следната година, а во случај да не ја продолжи соработката со Баерн, клубот ќе го ангажира Алисон, кој на крајот од сезоната ќе го напушти „Енфилд“.

Алисон има договор со Ливерпул до јуни 2027 година, а во славниот англиски клуб пристигна пред осум години и досега одигра 269 натпревари.

Медиумите во Германија потсетуваат дека Ливерпул веќе најде замена за Алисон, во летниот преоден рок „црвените“ потпишаа договор со голманот на грузиската репрезентација Георги Мамардашвили и го оставија на позајмица во Валенсија.

Share
Scroll to Top