Трансферот на Мартин Зубименди реши само еден проблем во редот на врска во Арсенал. До крајот на преодниот рок, Микел Артета ќе мора да затвори уште една „дупка“.
Непланирано, Арсенал на пазарот ќе мора да најде уште еден дефанзивен играч во редот за врска.
Ваквиот епилог е резултат на неуспешните преговори со Томас Парти. Репрезентативецот на Гана од 30 јуни ќе биде слободен играч, клубот неколку месеци преговара со неовиот менаџер, но засега нема назнаки дека двете страни ќе најдат решение.
Менаџерот на лондонскиот клуб, Микел Артета, веруваше дека Парти ќе остане на „Емирати“ и дури не размислуваше за можна замена, но реалноста е поинаква. Медиумите во Англија тврдат дека Артета има решение.
Станува збор за искусниот играч за врска на Брентфорд, Кристијан Норгард, кој минатиот месец ја заврши својата шеста сезона во редовите на „пчелите“, но е врзан со договор со клубот до летото 2027 година, па Арсенал ќе мора да плати обештетување.
Според податоците на „Трансфермаркт“, пазарната вредност на поранешниот фудбалер на Брондби и Фиорентина е 11 милиони евра. Ова значи дека Арсенал ќе мора да издвои помеѓу 15 и 20 милиони евра за да го реализира трансферот.