Калчолигашот Јувентус се уште ја чека одлуката на првата ѕвезда во тимот – Кристијано Роналдо за тоа дали и наредната сезона ќе биде во редовите на клубот од Торино.
36-годишниот португалски напаѓач има договор со „Старата дама“ уште една година, но разочаран е што клубот не успеа да ја освои Лигата на шампионите.
Сепак, додека се чека одлуката на Португалецот, во Јувентус не седат „со скрстени раце“.
„Gazzetta dello Sport“ пишува дека во случај Роналдо да реши по ЕП да го напушти клубот, во Торино би можел да се пресели напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус.
„Граѓаните“ се подготвени да се ослободат од 24-годишниот бразилски голгетер, а веројатноста е голема тој да оди на позајмица кај „црно-белите“ со можност за откуп на договорот.
Паоло Дибала и Алваро Мората, колегите на Роналдо од нападот и следната сезона остануваат во Торино.