УЕФА, попладнево во Нион, ги одреди двојките за второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Шампионот Македонија, Шкендија, доколку во првото коло успее да ја мине Мура, во втората рунда ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Лудогорец од Бугарија и Шахтјор Солигорск од Белорусија.
Дуелите во второто коло ќе се играат на 20 и 21.јули, односно на 27 и 28.јули.
Тешки противници, во второто коло, добија Динамо Загреб и Црвена звезда.
Динамо, на Ареијан адеми и Стефан Ристофски, доколку во првото коло го мине Валур од Исланд, во втората рунда ќе се соочи со шампионот на Кипар, Омонија.
Црвена звезда, во второто коло ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Макаби Хаифа од Израел и Каират од Казахстан.
Интересни ќе бидат и пресметките во ткн. „Патеката на следбениците“. Ждрепката ги спои ПСВ Ајндховен и Галатасарај, Рапид Виена и Спарта Прага, односно Селтик и Митјиланд.