„Ако Јунајтед сакаат пари треба веднаш да го продадат Погба“

„Ако Јунајтед сакаат пари треба веднаш да го продадат Погба“

пред 3 години

Еден од браќата на Пол Погба рекол дека Манчестер јунајтед треба да го продадат што е можно поскоро доколку не сакаат да замине од „Олд Трафорд“ без обесштетување.

Манчестер јунајтед за Погба издвоија 105.000.000 евра. Францускиот репрезентативец не ги оправдува вложените пари, само на моменти игра на високо ниво. Во октомври минатата година изјави дека сонува да игра за Реал Мадрид.

„Знам дека на Пол му се допаѓа правецот во кој во моментов оди Јунајтед. Меѓутоа, тој има уште една година од актуелниот договор и не знам дали ќе го одработи. Тоа не можам да го кажам. Со сигурност можам да кажам дека доколку Јунајтед сакаат да заработат ќе треба веднаш да го продадат. Тоа е се што ќе кажам на оваа тема, доколку не го направат тоа, тој бесплатно ќе замине“, рекол Матијас Погба, кој е член на Мурсија.

Погба има 27 години, во кариерата покрај во Јунајтед играл и во Јувентус. Со Франција во 2018 година ја освои титулата светски првак.

Share
Scroll to Top