Алан Пардју станува директор на фудбал на ЦСКА Софија

пред 3 години

Поранешниот премиерлигашки тренер, Алан Пардју се договорил со бугарскиот гигант ЦСКА Софија да стане нов директор на фудбал, префрлајќи се во техничката професија по последното фијаско како тренер во холандскиот АДО Ден Хаг.

59-годишниот Пардју е поранешен тренер на Вест хем, Њукасл, Кристал палас и Вест Бромвич Албион, но ова ќе му биде првата техничка работа во кариерата. ЦСКА се најуспешниот бугарски клуб во историјата, но минатата сезона повторно завршија како втори зад недостижните Лудогорец под водство на поранешниот тренер на Шкендија, Бруно Акраповиќ. Легендата на бугарскиот фудбал, Христо Стоичков, е помеѓу главните акционери во клубот.

Пардју во последната работа го предводеше последнопласираниот АДО Ден Хаг во само осум меча, пред сезоната да биде прекратена поради КОВИД-19, и клубот да се спаси од испаѓање. Во овие осум меча тој имаше само една победа.

Навивачите на АДО Ден Хаг му објаснуваа тактика на тренерот Пардју!

Share
Scroll to Top