Аларов по победата над Металург : Чест е што селекторот Лазаров гледа во мене потенцијал за репрезентацијата

Аларов по победата над Металург : Чест е што селекторот Лазаров гледа во мене потенцијал за репрезентацијата

пред 3 години

Ракометниот клуб, Тинекс Пролет се уште ја прославува големата победа над поранешниот шампион на Македонија, Металург. Михаил Аларов е еден од оние ракометари, кои одиграа стандардно добро и даде свој придонес во нападот, но пред се во одбраната, со запирање на клучните ракометари на Металург.

„Секако дека сме горди на овој триумф. Верувавме во себе, но не сакавме да се создава еуфорија пред мечот, туку останавме тивки, а она што го имавме, го покажавме на теренот. Металург не е наивен противник, но Тинекс Пролет доминираше 60 минути против екс-шампионот на Македонија, што не е мала работа. Нивото на играта што ја прикажавме беше недостижно за реномираниот противник, тоа може само да радува, но и да мотивира да продолжиме во ист стил и во продолжението од сезоната. Ова е голема победа, но да не заборавиме дека е само прво коло и дека пред нас се уште многу тешки натпревари за да обезбедиме излез во Европа“, изјави Аларов.

Аларов од денеска се приклучи на подготовките на македонската репрезентација за квалификацискиот двомеч против Данска. Пивотот на Тинекс Пролет и претходно играше во дресот на нашата репрезентација.

„За мене е голема чест што ракометна легенда како Кире Лазаров гледа на мене како на потенцијал за репрезентацијата. Јасно е дека клупските натпревари ми се главна препорака, тоа ми е мотив повеќе за да продолжам во ист ритам, да давам се од себе, со надеж дека наскоро ќе станам и стандарден репрезентативец. Свесен сум дека патот до остварувањето на таа желба не е лесен, но со поддршката на сите во Тинекс Пролет верувам дека и оваа желба ќе ми се исполни“, рече Аларов.

Share
Scroll to Top