Алборг „опстана“ во Флензбург, првпат во историјата на Ф4 во ЛШ

Алборг „опстана“ во Флензбург, првпат во историјата на Ф4 во ЛШ

пред 3 години

Данскиот Алборг го направи првото големо изненадување во четврт-финалето на Лигата на шампиони, откако успеа да изддржи за 33:29 пораз на гости кај бундеслигашот Флензбург и првпат во кратката историја на клубот да се пласира на Фајнал фор турнирот.

Алборг големиот дел од работата го заврши во првиот меч во Данска, кога победи со изненадувачки 26:21, но беа и импресивни во првото полувреме во Германија, кое го завршија со 16:14 предност. Меѓутоа, Флензбург започнаа фуриозно на стартот на второто полувреме, откако со 6:1 серија дојдоа до 20:17 водство, а за пласман понатаму им требаше победа од шест гола разлика. Меѓутоа, Данците успеваа да ја држат разликата на Флензбург на помалку од пет гола, за во последните секунди да постигнат гол за конечни 33:29 за Флензбург.

Феликс Клар беше најефикасен за Алборг со седум гола, додека Магнус Род и Јоханес Гола имаа по 9 гола за Флензбург.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ

Пари Сен-Жермен – Кил 34:28 (16:15), прв меч 29:31

Флензбург – Алборг 33:29 (14:16), прв меч 21:26

Веспрем – Нант утре 18.45 ч., прв меч 28:32

Барселона – Мешков Брест утре 20.45 ч., прв меч 29:33

Share
Scroll to Top