Алегри: Ова треба да е лекција за Јувентус, но и за мене

Алегри: Ова треба да е лекција за Јувентус, но и за мене

пред 3 години

Масимилијано Алегри немаше совршено враќање на клупата на Јувентус, откако неговиот тим дозволи да прокоцка 0:2 водство кај Удинезе за 2:2 реми откако голот на Кристијано Роналдо беше поништен во 94. минута од мечот.

Повратникот на клупата вели дека ова треба да биде лекција за сите во тимот, вклучувајќи го и Роналдо, но и него самиот.

„Игравме добро, но за жал, фудбалот е таков понекогаш. Моравме да бидеме подобри во второто полувреме, и мислам дека ова треба да е лекција. Губевме многу топки во средината на теренот, а можеби бевме и уморни. Сепак, онакви голови не смеевме да примиме. Локатели беше добар, но уште не 100 отсто фит, а Роналдо се чувствува добро. Зборувавме пред мечот, и му кажав дека ќе стартува од клупата. Беше добар кога влезе, но голот не му го признаа. Има многу мечеви пред нас, а мислам дека уште не разбрав како да ги искористам петте замени кои сега ми се достапни. Мораме да се адаптираме, и да научиме нешто“, вели Алегри.

Share
Scroll to Top