Ален ќе добие 100 милиони долари од Кливленд

Ален ќе добие 100 милиони долари од Кливленд

пред 4 години

Центарот на Кливленд Кавалирс, Џерет Ален, ќе потпише максимален договор со оваа франшиза. Ален, во Кливленд, пристигна пред два месеци, во трејд, во кој учествуваа три тима.

Трејдот на три тима овозможи Џејмс Харден да се пресели од Хјустон во Бруклин, а како дел од таа размена Ален, заедно со Торен Принс, од Бруклин заврши во Кливленд.

Челниците на Кливленд биле импресионирани од Ален, кој се избори за место во првата петорка, пред искусниот Андре Драмонд. Медиумите во САД пишуваат дека франшизата ќе му понуд максимален договор.

Ален ќе потпише петгодишен договор од кој ќе заработи 100 милиони евра.

Оваа сезона, Ален има просек од 13 поени и 10 скока по натпревар.

Share
Scroll to Top