Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски „едвај чекал“ да се сретне повторно со Никола Пепе, тврди неговиот соиграч од Лидс јунајтед, напаѓачот Патрик Бамфорд по контроверзниот минат меч со Арсенал, кога Французинот доби црвен картон откако го удри со глава Алиоски.
И покрај ова, во ноември Алиоски беше обвинет дека „прелесно“ паднал во дуелот, но Бамфорд вели дека тоа само го кренало духот на македонскиот репрезентативец.
„Знаете што кажа во соблекувалната пред некој ден? Ми кажа: ‘Едвај ја чекам неделата’. Го прашав зошто, тој ми одговори: ‘Повторно играм со мојот пријател Пепе’“, открива Бамфорд.
Дуелот со Арсенал на „Емирати“ ќе биде шанса „топчиите“ да ја прекинат лошата низа од три меча без победа во Премиер лигата и само еден освоен поен. Лидс се малку подобри – три победи во последните четири меча, во кои Алиоски беше стартер.
Bamford contó que Alioski en el vestuario estaba contento porque el domingo volvía a jugar contra “su gran amigo Pepe” ?. La última vez lo volvió loco con la marca personal, no lo dejó arrancar nunca y Pepe desesperado le terminó pegando un cabezazo que le valió la roja ?? pic.twitter.com/AAKX0dD5Dv
— Leeds United ARG???? (@Leeds_argentina) February 11, 2021
Алиоски „изнуди“ црвен за Пепе, но Лидс не ги „скршија“ Арсенал