Алиоски и Лидс му „скинаа“ два бода на Челси

Алиоски и Лидс му „скинаа“ два бода на Челси

пред 3 години

Во 28. коло од англиската Премиерлига првиот меч го донесе најнепопуларниот резултат.

Лидс Јунајтед со нашиот Езџан Алиоски (ги одигра сите 90 минути) ремизираше 0-0 со фаворитот за висок пласман, екипата на Челси.

Лидс скина две планирани бода за „сините“ кои се со амбиции да обезбедат пласман во ЛШ за идната сезона.

Првото полувреме донесе интересен фудбал. Двата тима имаа свои прилики за погодок, а вредно за напоменување е што рамките на двата гола се тресеа по еднаш.

Челси имаше повеќе од играта и во второто полувреме, двојно повеќе упати удари за разлика од домаќините, но мрежите мируваа.

Челси по овој меч останува на четвртата позиција на табелата со 51 бод, два помалку од Лестер и три од Манчестер Јунајтед.

Лидс е 11-ти со 36 бода.

Share
Scroll to Top