Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, постигна спектакуларен гол против ВБА во 95.минута, за победа на својот тим 2.1. Ливерпул со овој триумф ги задржа шансите да дојде до позицијата која обезбедува место во Лигата на шампионите.
„Сакав да бидам пред голот на противникот за да им помогнам на соиграчите, да „врзам“ еден противнички играч за мене. Сепак никој не ме чуваше и се случи она што се случи. Навистина необјасниво, мислам дека тоа беше Бог кој ја стави раката на мојата глава. Се чувствувам благословено…“, рекол бразилскиот репрезентативец.
Ливерпул до крајот на сезоната ќе одиграат уште два натпревари (Барнли и Кристал Палас). На табелата се петти со поен помалку од Челси и три од Лестер.