Алкантара е проблемот на Ливерпул

Алкантара е проблемот на Ливерпул

пред 3 години

Ливерпул не блескаат ова сезона, далеку се од вистинската форма и од оваа перспектива невозможно е да ја одбранат титулата. Покрај големите кадрвски проблеми со кои се соочува Јирген Клоп, особено во одбраната, стручната јавност во Англија, посочува дека голем проблем за тимот претставува играта на Тијаго Алкантара.

Шпанецот, во Ливерпул дојде како големо засилување, но досега не ги оправда очекувањата.

Во поразот од Лестер (3:1), Алкантара беше најслабиот играч на теренот.

„Ливерпул беа одлично се до моменото кога Лестер го постигнаа голот за 1:1. Тијаго не постои во дефанзивата“, вели поранешниот капитен на Ливерпул Џејми Карагер.

„Мислам дека Ливерпул не се цврсти во редот за врска. Мислам дека Тијаго е слабата точка во редот за врска на Ливерпул. Не може да се прилагоди на тактичките замисли на Клоп, кога треба да игра без топка. Ливерпул се најсилни кога играат пресинг, а тука Тијаго нема влијание“, изјавил Џермејн Џенас, поранешен играч на Тотенхем и Ливерпул.

„Тијаго беше одличен во Баерн, можеби овој систем не му одговара. Можеби Баерн играат поинаков пресинг. Очигледно е дека на работи добро за тимот. Имам впечаток дека на натпреварите исчезнува. Доцни во секоја ситуација и лошо се поставува“, заклучил Џенас.

Ливерпул, утре, ги продолжува натпреварите во Лигата на шампионите. „Црвените“, во Будимпешта, во привот осмина-финален натпревар ќе му „гостуваат“ на Лајпциг.

Share
Scroll to Top