Алкараз го обезбеди првото место на крајот од годината

Алкараз го обезбеди првото место на крајот од годината

пред 2 часа

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го победи Италијанецот Лоренцо Мусети со 2:0 во третото коло од Групата А на Завршниот Мастерс во Торино.

Алкараз славеше со 6:4, 6:1, а натпреварот траеше еден час и 24 минути.

Во Торино, Алкараз го направи она за што дојде, забележа три победи и го обезбеди првото место на АТП листата на крајот од годината.

Со овој триумф, тој се пласираше во полуфиналето од првото место во групата, а го повлече со себе и Алекс де Минор.

Австралиецот, Мусети и Фриц групата ја завршија со по една победа и два порази, но Де Минор се пласира во полуфиналето поради најдобриот гем-количник.

Де Минор ќе игра во полуфиналето против Јаник Синер, а Алкараз ќе игра против победникот од вечерашниот меч помеѓу Зверев и Оже-Алијасим.

По втор пат во својата кратка кариера, младиот Шпанец ќе ја дочека Новата година како рекет број еден во светот. Претходно, тој ја заврши 2022 година како официјално најдобар тенисер на планетата.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top