Алкараз се повлече од Монте Карло

Алкараз се повлече од Монте Карло

пред 3 недели

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас се повлече од Мастерсот во Монте Карло.

Светскиот рекет број 3 не успеа да се опорави од повредата со која се здоби на турнирот во Мајами.

„Работев во Монте Карло и се обидував до последен момент да се опоравам од повредениот мускул на десната рака, но не успеав, не можам да играм. Навистина се радував што ќе играм на овој турнир… Се гледаме следната година“, напиша Алкараз на социјалните мрежи.

Алкарас и минатата сезона не играше на првиот Мастерс на земјана подлога. Големо прашање дали повредата ќе влијае на остатокот од сезоната.

Алкараз беше пријавен за турнирот од Серијата 500 во Барселона, а сега неговиот настап на тој турнир е доведен во прашање.

Потоа следуваат Мастерс турнирите во Рим и Мадрид.

Share
Scroll to Top