Алонсо е успешно опериран, останал без неколку заби

Алонсо е успешно опериран, останал без неколку заби

пред 3 години

Фернандо Алонсо успешно е опериран по вчерашната несреќа која му се случи во швајцарскиот град Лугано. Повратникот во Формула 1, бил удрен од автомобил додека возел велосипед. Алонсо, веднаш бил префрлен во болница, а во петокот имал операција на вилицата.

Во несреќата Алонсо останал без неколку заби, кои ќе ги замени со импланти.

Полицијата се уште ја истражува несреќата, во која 42-годишна жена налетала на Алонсо, тој немал време да го избегне автомобилот и директно удрил во него.

Се уште не е познато дали Алонсо ќе биде подготвен за стартот на новата сезона. Алонсо ќе вози за тимот Алпин-Рено.

Share
Scroll to Top