Алонсо: За британските медиуми јас и Ферстапен сме „злосторници“

Алонсо: За британските медиуми јас и Ферстапен сме „злосторници“

пред 3 години

Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо најдобро знае како е во британските медиуми да ја играш улогата на „лошото момче“, откако беше ривал на Луис Хамилтон во неговата прва сезона во тимот на Мекларен, и тврди дека истото му се случува сега и на Макс Ферстапен, кој е во борба со Хамилтон за титулата.

40-годишниот возач на Алпине предизвика низа реакции откако по Унгарското ГП минатиот викенд изјави дека Ферстапен „не е Британец, така што секогаш ќе биде тешко за него“. Сега, тој реши дека е потребно да го дообјасни коментарот.

„Не знам… Кога работите ќе бидат вжештени, тогаш се гледа дека спортот е во основа британски. Речиси сите тимови се британски, повеќето од новинарите и ТВ екипите се британски. Затоа не е прикладно гостинот во вашата земја да победува. Секогаш имав чувство дека кога се тркав со Британци, јас бев ‘лошото момче’ во медиумите. Барем така сакаа да ме претстават. Во Силверстоун ги слушнав прашањата кои ги доби Ферстапен и веднаш ја сфатив неговата ситуација“, додава Алонсо.

Share
Scroll to Top