Алонсо лут на судиите, незадоволен и од своите фудбалери

Алонсо лут на судиите, незадоволен и од своите фудбалери

пред 5 часа

Реал Мадрид доживеа сензационален пораз во неделата на домашен терен од Селта. Екипата од Виго по две децении упспеа да победи во Мадрид. Стрелец на двата гола беше 21-годишниот Сванберг.

Реал испушти +5 во однос на Барселона по „Ел Класико“ и сега е -4 по само шест недели, што ги вклучи алармите во Мадрид.

Во клубот, му се лути на судијата Алехандро Кинтеро, кој е првиот во историјата што му покажал два црвени картони на Реал на „Сантијаго Бернабеу“.

Чаби Алонсо го критикуваше судијата, но тој не ги штедеше ниту своите играчи.

„Одлуките на судијата нè излудеа и воопшто не ми се допаѓа како ја заврши работата. На пример, судијата едвај чекаше да му ја покаже картон на Карерас. Во неколку периоди од натпреварот, судијата беше главен. Како што реков претходно, воопшто не ми се допаѓа ваквото судење“, рече Чаби Алонсо и продолжи:

„Сепак, морам да кажам дека игравме подобро само кога останавме со еден играч помалку, бидејќи почнавме да трчаме. Планот беше да играме побрзо, да притискаме, но ни недостасуваа некои работи. Повредата на Милитао ги наруши нашите планови и тоа е многу лоша вест за нас, бидејќи имаме многу повредени играчи. Загубивме три бода, но сè уште има многу за што да се игра, но сме лути и сигурен сум дека ќе покажеме реакција во среда против Сити. Сите сме одговорни“, рече Алонсо.

Инаку, според некои извори, иднината на судијата Квинтеро ќе биде под лупа, а многумина предвидуваат дека поради ваквиот третман на Реал Мадрид, тој ќе оди на „ладење“ поради притисоците што се очекуваат од „кралскиот“ клуб во наредните денови.

Во исто време, мадридски извори повторно пишуваат дека во соблекувалната на Реал постои поделено мислење во врска со Алонсо. Некои играчи не ги разбираат неговите тактички идеи, а на некои им пречи и тоа што како лидер е многу поригорозен од Карло Анчелоти, кој беше многу „помек“.

Исто така, пишуваат дека играчите имале различни реакции по поразот од Селта, дека некои ги обвинувале судиите, додека други извикувале „бевме очајни“.

Share
Scroll to Top