Алонсо: Маси не направи ништо погрешно во Абу Даби

Алонсо: Маси не направи ништо погрешно во Абу Даби

пред 3 години

Двократниот светски шампион, Фернандо Алонсо вели дека неодамна оптуштениот директор на Ф1 трки, Мајкл Маси не направил „ништо погрешно“ на последната трка од 2021 во Абу Даби и дека се надева дека неговата смена е поради други причини.

Маси го загуби местото по истрагата на ФИА за контроверзната последна трка во која Макс Ферстапен во последниот круг го помина Луис Хамилтон по одлуката на Австралиецот да ги прекрши правилата за излегување на безбедносното возило за шампионатот да се оддржи на патеката.

Алонсо, кој имаше бурно ривалство со Хамилтон во 2007 како колеги во Мекларен, не се согласува дека имало нешто погрешно и се надева дека новиот претседател на ФИА, Мохамед Бен Сулајем направил вистинска одлука.

„Мислам, очигледно новиот претседател сакаше да осигура дека работите се на своето место. Ми се допаѓа Мохамед и неговиот пристап, така што ако мисли дека се потребни нови идеи за доброто на сите, задоволен сум од тоа. Но, за целата тема околу Абу Даби имам поинакво мислење и мислам дека немаше ништо погрешно таму. Не верувам дека ја сменија структурата поради Абу Даби. Барем се надевам дека е така“, изјави возачот на Алпине Ф1.

Share
Scroll to Top