Ал-Атијах пред Петерхансел, Сантош заврши во болница

Ал-Атијах пред Петерхансел, Сантош заврши во болница

пред 3 години

Четвртата етапа на релито Дакар донесе многу возбудувања, победи на Насер Ал-Атијах кај автомобилите и Џоан Бреда кај моторите и тежок инцидент по кој Индиецот, Сантос се наоѓа во вештачка кома.

Сантос, удрил во карпа, заедно со Маурицио Џерини, паднал од својот мотор, тие добиле помош од Пол Спирингс.

„Видов двајца како лежат крај своите мотори. Џерини веднаш стана и започна да му укажува помош на Сантош кој лежеше. Јас застанав и го паркирав моторот пред карпата за да не удри некој друг во нив. Се обидивме да го вратиме Сантош, а потоа дојдоа три хеликоптери и го однесоа“, рекол Спирингс.

Сантош е префрлен во болница и ставен е во вештачка кома, бидејќи добил силен удар во главата. Дополнителните прегледи ќе покажат колку се сериозни неговите повреди.

Инаку, Ал-Атијах победи со мала разлика пред Стефан Петерхансел, кој ја задржа лидерската позиција во вкупниот пласман. Кај моторите, Бреда со втората етапна победа се искачи на второто место во вкупниот пласман. Лидер е Ксавиер де Султер.

Share
Scroll to Top