Незадоволство владее кај раководството на ПСЖ од постојаните обиди на Барселона да го врати Нејмар на „Ноу Камп“. Повикувајќи се на радио Каталуња, „Марка“, објави дека првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, испратил писмо со кое бара да Барселона да престане со таквите обиди.
Истиот извор пренесува дека Барселона, во летниот преоден рок, има желба да го врати Нејмар. За евентуалниот трансфер клубот подготвил 100 милиони евра.
Договорот на Нејмар со ПСЖ истекува во јуни наредната година. Иако од клубот тврдат дека се договориле со фудбалерот, новиот договор Нејмар се уште не го потпишал.
Бразилецот во периодот од 2013 до 2017 година го носеше дресот на Барселона. Во Париз се пресели во јули 2017 година за рекордна сума од 222 милиони евра.