Ал Хилал доживеа фијаско со трансферот на Нејмар

Ал Хилал доживеа фијаско со трансферот на Нејмар

пред 2 дена

Бразилецот Нејмар, минатото лето го напушти Париз. Кариерата реши да ја продолжи во Саудиска Арабија. Ал Хилал за неговиот трансфер издвои 90.000.000 евра.

Бразилецт пристигна како големо засилување, но за Ал Хилал одигра само пет натпревар, доживеа тешка повреда во октомври минатата година. Клубот не го регистрираше за првиот дел од сезоната, се очекува да се врати на терените во јануари наредната година.

Бидејќи цела година не игра фудбал, медиумите пресметаа дека секо натпревар што го одиграл Нејмар, Ал Хилал го чинел неверојатни 34.000.000 евра.

Информациите за платата на Нејмар се спротивставени. Се шпекулираше дека годишно заработува 100.000.000 евра, но ако се земат податоците на „Форбс“, Бразиелцот од Ал Хилал добива 80.000.000 евра,а уште 32.000.000 евра преку разни спонзорски договори.

Кога ќе се земат предвид парите одвоени за трансферот и платата, Нејмар клубот го чини 34.000.000 евра по натпревар.

Share
Scroll to Top