Ал Хилал му нуди богат договор на Рафиња

Ал Хилал му нуди богат договор на Рафиња

пред 9 месеци

Бразилецот Рафиња не ги исполни очекувањата кои во неговите спосбности ги имаа во Барселона и тој е еден од играчите кои ќе го напуштат клубот. Не е тајна дека тренерот Чави сака да го продаде крилниот напаѓач.

Барса е подготвена да се раздели со Бразилецот по завршувањето на сезоната, но како што сега стојат работите тоа може да се случи шест месеци порано.

Ал Хилал сака да го донесе Рафиња во зимскиот преоден рок. Клубот од Саудиска Арабија е подготвен да стави богатство пред него, но и да и ги плати на Барселона 60 милиони евра.

Рафиња во клубот пристигна од Лидс во 2022. Барселона за него плати 58 милиони евра. На 68 настапи постигна 13 и забележа 19 асистенции.

Во Ал Хилал од оваа сезона играат Нејмар, Малком, Калиду Кулибали, Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ…

Share
Scroll to Top