Американска доминација на 4×400 метри

Американска доминација на 4×400 метри

пред 3 години

Американската женска штафета на 4×400 метри, го одбрани златниот медал. Ова е седмо злато по ред за Американските во оваа дисциплина. Алисон Феликс го подобри својот рекорд, таа го освои 11 олимписки медал (седуми со златен сјај) во кариерата. Во истата оваа дисциплина, во машка конкуренција победија САД.

Штафетата во состав Сидни Меклафин, Диала Мухамед, Алисон Феликс и Етинг Му, во финалето победи со резултат 3:16.85 минути.

Полска, со нов национален рекорд (3:20.53) го освои сребрениот медал. Бронзата и припадна на штафетата на Јамајка (3:21.24).

Штафетата во состав Мајл Чери, Мајкл Норман, Брајс Дедмон и Раи Бенџамин победија со време 2:55.70 минути. Ова е петто злато за САД во оваа дисциплина во историјата.

Среброто го освои Холандија (2:57.18), а бронзата изненадувачки заврши кај Боцвана (2:57.27).

Share
Scroll to Top