Американците бронзени на ватерполо турнирот

Американците бронзени на ватерполо турнирот

пред 2 месеци

Ватерполо репрезентацијата на САД освои бронзен медал на Олимпијадата.

Избраниците на Дејан Удовичиќ по изведувањето пенали ја совладаа Унгарија со 11:8 (3:2, 1:1, 2:2, 2:3 – 3:0).

САД со по два гола ги предводеа Хејнс Даубе, Бен Халок, Максвел Ирвинг и Алекс Бовен.

За Унгарија по два гола постигнаа Денес Варга и Георги Заланки.

Унгарија не успеа да победи во оовј изедначен натпревар и покрај тоа што во финишот на мечот влезе со предност од два гола (8:6). Американците беа упорни и преку Бовен и Даубе стигна до пеналите.

Пенал рулетот му припадна на избраниците на Дејан Удовичиќ. Стрелци беа Даубе, Ирвинг и Бовен, додека тројца Унгарци (Заланки, Вигвари и Варга) не успеаја да постигнат гол.

Share
Scroll to Top