Аморим: Манчестер јунајтед? Беше сега или никогаш

Аморим: Манчестер јунајтед? Беше сега или никогаш

пред 3 недели

Португалскиот тренер Рубен Аморим откри дека Манчестер јунајтед му дал рок од три дена да одлучи дали ќе го преземе тимот или ќе остане во Лисабон.

Аморим (39) во петокот и официјално стана нов селектор на „црвените ѓаволи“, кои ќе ги преземе на 11 ноември.

„Сезоната започна, одлично започнавме, а потоа дојде Манчестер јунајтед, ја плати откупната клаузула. Никогаш не разговарав со претседателот. Три дена велев дека сакам да останам до крајот на сезоната. Но тогаш ми рекоа дека тоа не е можно, сега или никогаш или Манчестер ќе избере друга опција. Имав три дена да донесам одлука која радикално ќе ми го промени животот“, рече Аморим.

„Имав и други понуди, претседателот и спортскиот директор можат да го потврдат тоа. Не е прв пат друг тим да испрати понуда. По Спортинг го сакав тој клуб, Манчестер. Има момент кога треба да направам чекор напред во кариерата. Тоа е она што ми се случи. Ми беше потешко од на било кој навивач на Спортинг, но морав да го направам ова“.

Младиот тренер, Спортинг ќе го предводи во уште два натпревари.

„Сега си одам дома посреќен затоа што објаснив. Луѓето велат: „Се работи за пари“, но имаше друг тим кој сакаше да плати три пати повеќе од Манчестер. Тоа беше најдобрата фаза во мојот живот. Сите во Спортинг знаат. Го разбирам разочарувањето на навивачите, но денес имаме уште два важни натпревари против Манчестер сити и Брага.

Иднината на Руд ван Нистелрој останува нејасна.

„Ќе го земам мојот тренерски штаб со мене. Тоа беше еден од моите услови. Ги носам со мене уште од Каса Пиа”.

Тој беше запрашан и дали планира да го доведе најдобриот стрелец на тимот, Виктор Јокереш.

„Јокереш чини 100 милиони и тешко е. Нема да купам ниту еден играч на Спортинг во јануари“, заклучи Аморим.

Share
Scroll to Top