Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, нагласи дека неговиот тим мора да го потврди напредокот во претстојното дерби со Ливерпул.
Португалецот се осврна на нерешениот резултат 2:2 со Ливерпул во јануари, кој, според него, беше пресвртница во сезоната и доказ дека Јунајтед има потенцијал да се натпреварува со најдобрите.
„Се сеќавам дека тогаш одигравме многу добар натпревар. Бев разочаран по натпреварот бидејќи покажавме дека можеме да се справиме со секој ривал. Знам колку тој натпревар им значи на навивачите и колку е посебен за клубот. Но, сега мора да го повториме тоа и да докажеме дека сме напредувале“, рече Аморим.
Тој нагласи дека клучот за успехот во неделното дерби ќе биде ефикасноста во одлучувачките моменти:
„Мислам дека играме подобро од дуелот во јануари, но мора да бидеме подобри во двата шеснаесетника. Ова е уште еден натпревар што мора да го добиеме.“
Најголемото англиско дерби се игра в недела на „Енфилд“ од 17.30 часот.