Ангеловски: Кога имаше 17 години му понудив на Кулушевски да игра за Македонија, тој ја одбра Шведска

Ангеловски: Кога имаше 17 години му понудив на Кулушевски да игра за Македонија, тој ја одбра Шведска

пред 3 години

Игор Ангеловски, селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, во емисијата „Заспиј ако можеш“, откри зошто новата ѕвезда на Јувентус, Дејан Кулушевски, не игра за земјата од која што потекнуваат неговите родители.

Кулушевски е роден на 25.април 2000 година во шведската престолнина Стокхолм. Од оваа сезона тој е играч на Јувентус. Челниците на „старата дама“ за услугите на Кулушевски на Аталанта и платија 35.000.000 евра.

„Кулушевски играше за нашата репрезентација до 17 години. Имамв состанок со него и неговиот родител во Охрид, му понудив да игра за сениорската репрезентација на Македонија. Мислеа дека тој предлог е несериозен, но јас бев упорен, им кажав дека ќе ја испратам понудата до Аталанта. Таткото јасно кажа дека синот сака да игра за У19 селекцијата на Шведска, која требаше да настапи на Европското првенство и дека потоа можеме да разговараме. Повторно му гарантирав место во А-репрезентацијата, но добив одговор дека неговата одлука е да игра за Шведска. Како селектор јас го направив тоа што требаше, пред да стане она што е денес му понудив да игра за Македонија. Негово право е да одбере и да донесе одлука според чувствата“, рекол Ангеловски.

Share
Scroll to Top