Англичанецот Мајкл Оливер го суди натпреварот Германија-Данска на Европското првенство

Англичанецот Мајкл Оливер го суди натпреварот Германија-Данска на Европското првенство

пред 3 месеци

Англичанецот Мајкл Оливер е назначен за судија на натпреварот меѓу Германија и Данска во осминафиналето на Европското првенство, соопшти денеска Европската фудбалска унија (УЕФА).

Негови помошници ќе бидат Англичаните Стјуарт Бурт и Дејн Кук, додека УЕФА за четврти судија го назначи Ирфан Пељт од Босна и Херцеговина.

Во ВАР собата ќе седнат Англичаните Дејвид Кут и Стјуарт Атвел, како и Масимилијано Ирати од Италија.

Share
Scroll to Top