Англичаните ќе пуштат минимален број на навивачи на стадионите

пред 3 години

Ограничен број на навивачи ќе добијат дозвола да се вратат на фудбалските стадиони следниот месец, потврди британскиот премиер Борис Џонсон. „Локдаунот“, затварањето во Англија завршува следната недела, по што ќе се врати стариот систем на рестрикции во три фази. Таму каде што ќе има намалена бројка на новозаразени од КОВИД-19, односно во првото и второто ниво ќе бидат дозволени по 4.000, односно 2.000 гледачи на стадионите, додека таму каде што заразата е висока уште нема да биде дозволено влегување на навивачи. Покрај ова, во неделата, Џонсон потврди план за „спас“ на спортот во Велика Британија тежок 300 милиони фунти. Во Англија се обидуваа постепено да ги вратат навивачите на трибините во мечевите пред стартот на сезоната, но како што се зголемија бројките на заразените, овој план пропадна.

Share
Scroll to Top