Англија сака да биде домаќин на завршницата на Лигата на нации

Англија сака да биде домаќин на завршницата на Лигата на нации

пред 29 минути

Фудбалската асоцијација на Англија е заинтересирана да биде домаќин на завршниот турнир од Лигата на нации, кој е закажан од 9 до 13 јуни следната година.

Фудбалските федерации на Шпанија и Франција исто така ја контактирале Европската фудбалска унија (УЕФА) и го изразиле својот интерес за организирање на завршниот турнир од Лигата на нации.

Британските медиуми објавуваат дека ФА сè уште разгледува потенцијални стадиони во Англија каде што би се играле полуфиналните натпревари, дуелот за третото место и финалето на Лигата на нации.

Англија никогаш не била домаќин на завршниот турнир од ова натпреварување. Организатори на завршниот турнир на ЛН досега беа Португалија, Италија, Холандија и Германија.

Според непишаното правило, само националните тимови кои се квалификуваат за полуфиналето на ЛН можат да бидат домаќини на завршниот турнир.

Англија го освои првото место во групата А3 со 15 бода и се квалификуваше за четвртфиналето од ова натпреварување.

Ждрепката за четвртфиналето е закажана за петок во Нион.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top