Андерсон: Златан сега е сериозен за враќањето во репрезентацијата

Андерсон: Златан сега е сериозен за враќањето во репрезентацијата

пред 4 години

Шведскиот селектор Јан „Јане“ Андерсон ја „спушти“ топката на земја околу можното враќање на Златан Ибрахимовиќ во националниот дрес, признавајќи дека се сретнал со ветеранот на Милан, иако не сакаше да открие што се зборувало.

„Тоа што се зборува во четири очи, останува таму и тука нема менување. Овојпат Златан е сериозен за враќањето во шведската репрезентација, а мојата задача како селектор е да ги изберам најдобрите играчи кои ги имам. Затоа ќе видиме што ќе се случи“, вели Андерсон.

Ова е малку поинаква изјава од Андерсон, кој во ноември изјави дека нема шанси Ибрахимовиќ да биде вратен во репрезентацијата, посебно поради меѓусебното нетрпение и дел од критиките кои Златан ги упатуваше кон него.

Ибрахимовиќ е во фантастична форма за Милан и оваа сезона, иако моментално е кратко во аут поради пореда на бутниот мускул. За Шведска тој има одиграно 116 натпревари од 2001 до 2006 и останува најдобар стрелец со 62 постигнати гола.

Share
Scroll to Top