Анри: Веќе не го препознавам мојот Арсенал

Анри: Веќе не го препознавам мојот Арсенал

пред 4 години

Легендата на „топчиите“, Тјери Анри вели дека веќе не го „препознава“ Арсенал по одлуката на американските газди да се приклучат кон проектот за Европската Суперлига, кој заврши со целосно фијаско.

Притисокот од фановите, но и од англиските политичари, предизвикаа повлекување на шесте клуба од Премиер лигата, но протестите на фановите во Англија продолжија. Навивачите на Арсенал сакаат повлекување на газдата Стен Кренке, и Анри се согласува дека тие размислуваат повеќе за парите отколку за водење на успешен фудбалски клуб.

„Не го препознавам мојот клуб и тоа што се случи сега, со обидот да се приклучат на лига која ќе биде затворена. Нема никаква смисла. Го водат клубот како компанија, а не како фудбалски клуб и тоа го покажаа јасно сега. Можеби не ги разбираат фудбалските вредности, можеби парите беа преголемо искушение. Што и да беше, згрешија. Многу згрешија. Не сум зборувал многу претходно, но сега целосно сфаќам дека фановите го сметаат клубот за свој. Бидејќи и јас сум фан на Арсенал, тоа е и мој клуб“, вели Анри за „Телеграф“.

Share
Scroll to Top