Антонели добил над 1.000 заканувачки пораки по обвинувањата од Хелмут Марко

Антонели добил над 1.000 заканувачки пораки по обвинувањата од Хелмут Марко

пред 2 часа

Советникот во Ф1 тимот, Ред Бул, Хелмут Марко, јавно го обвини возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, дека намерно дозволил да биде престигнат од Ландо Норис на Големата награда на Катар. Ова обвинување на тинејџерот му ги нарави „пекол“ изминатите 24 часа. Антонели, како што објави неговиот тим, Мерцедес, добил над 1.000 сериозни закани.

Италијанскиот возач направи грешка, во претпоследниот круг од претпоследната трка во сезоната, влезе широко во еден свиок, што му овозможи на Норис да ја освои четвртата позиција и да освои два дополнителни вредни бода.

Макс Ферстапен во автомобилот на Ред Бул ја однесе победата на патеката „Лусаил“, пред вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри, и Карлос Саинц од Вилијамс.

По трката, Норис има 12 бода повеќе од актуелниот шампион и 16 повеќе од својот тимски колега, во пресрет на последната трка во сезоната.

Веднаш по завршувањето на трката, тркачкиот инженер Ферстапен, Џанпјеро Ламбиасе, му кажа на Холанѓанецот преку радио дека Антонели го пуштил Норис, а потоа Марко изјави дека е јасно дека Италијанецот се трнал од патеката. Овие коментари предизвикаа неприфатливи навреди на социјалните мрежи, поради што Антонели својата профилна слика на Инстаграм, ја обои во црно.

Потоа Марко призна дека згрешич и се извини за навредите и заканите што ги претрпе Антонели.

„Го гледав видеото повторно. Во првиот случај, Антонели можеше да се одбрани малку подобро од Пјастри, а во вториот случај тоа беше грешка при возењето, која не беше намерна. Жал ми е што Антонели беше цел на навреди, но дозволете ми повторно да разјаснам – тој не го пушти намерно Норис“, рече Марко.

Некои извори посочуваат дека Антонели добил над 1.000 закани на социјалните мрежи, а дека уште околу 300 стигнале до Мерцедес.

Овогодинешното првенство во Формула 1 завршува претстојниот викенд со Големата награда на Абу Даби.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top