Антонели најбрз, Ферстапен на пол позиција во Лас Вегас

Антонели најбрз, Ферстапен на пол позиција во Лас Вегас

пред 12 часа

Новиот светски шампион, возачот на Мерцедес, Кими Антонели, беше најбрз во квалификациите пред неделната трка во Лас Вегас, но возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ќе влезе во трката од пол-позицијата.

Антонели има казна од поместување пет места назад, па пол-позицијата му припадна на Верстапен.

Антонели го постави најбрзиот квалификациски круг за 1:33.893, 0,258 секунди побрзо од Верстапен и 0,331 секунди побрзо од неговиот тимски колега, Џорџ Расел.

Ландо Норис го имаше четвртото време, пред Исак Хаџар и Арвид Линдблад, кој ќе стартува од петтата позиција, што е неговата најдобра стартна позиција во кариерата.

Оскар Пјастри, Лиам Лосон, Пјер Гасли и Франко Колапинто беа меѓу десетте најбрзи.

Стартната листа, по казната што му беше доделена на Антонели, изгледа вака: Верстапен, Расел, Норис, Хаџар, Линдблас, Антонели, Лосон, Гасли, Колапинто, Леклер.

Трката се одржува во недела во пет часот наутро, по македонско време.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top