Карло Анчелоти на претседателот на Реал, Флорентино Перез, му доставил спискот од три имиња, со кои сака да го засили редот за врска. На спискот на Анчелоти се двајца играчи од Серија А, Николо Барела и Мануел Локатели и еден од Премиер лигата, Калвин Филипс.
Локатели, ова лето сигурно ќе го напушти Сасуоло. Претпоставките се дека тој сака кариерата да ја продолжи во Јувентус, иако интерес за него покажува и ПСЖ. Саусоло за овој фудбалер бара 40 милиони евра.
Николо Барела беше еден од клучните играчи на Интер во походот кон шампионската титула. Шпанците пишуваат дека Интер нема да гу пуштат Барела, кој е иднината на клубот.
Филипс, од Лидс јунајтед, блесна на почетокот на ЕП. Тој беше асистентот за еднствениот гол на Англија против Хрватска. По тој меч, Би-би-си го нарекоа Филипс „Пирло од Јоркшир“.