Аргентинец ќе им суди на Македонија и Украина

Аргентинец ќе им суди на Македонија и Украина

пред 3 години

Натпреварот Македонија-Украна, во четврток, ќе влезе во историјата на европските првенства. Главен судија на овој натпревар ќе биде арбитар од Јужна Америка.

На Македонија и Украина ќе им суди 43-годишниот Аргентинец, Фернандо Андреас Рапалини.

Помошници на Рапалини ќе му бидат сонародниците Хуан Пабло Белати и Диего Бонфа. Чтврти судија ќе биде Словенецот Славко Винчиќ, а главен во ВАР собата ќе биде Шпанецот Алесандро Хернандес Хернандез.

Рапалини доби можност да суди на ЕУРО 2020, као дел од соработката на УЕФА со Конфедерацијата на Јужна Америка.

Во исто време на Копа Америка ќе суди Шпанецот Хесус Хил Манзано.

Македонија и Украина својот натпревар, во четврток, ќе го започнат во 18 часот.

Share
Scroll to Top